„Изгубено детство“ е наслов на книгата (мемоари) на штипјанката Шела Алтарац која го преживеала холокаустот.

Во книгата е документирана нејзината трогателна приказна за преживувањето во тешките денови на Втората светска војна. Таа во детали ги објаснува чувствата и предизвиците од трагичните моменти на нејзиното детство. Таа денеска живее во Израел, со своите деца и внуци.

Шела Алтарац е родена во Штип,а собрана во Монополот со останатите штипски, битолски и скопски Евреи, кои подоцна биле депортирани во Треблинка.

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), во соработка со невладината организација „Акта нон верба“, денеска ќе ја промовира книгата по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот – 27 јануари.

Книгата „Изгубено детство“ е преведена на четири јазици – македонски, албански, англиски и хебрејски.