Изгорениот автобус бил постар од три години, проценува Ивајло Константинов

1366

Автобусот кој изгоре во стравичната несреќа на автопатот Струма во Бугарија, бил постар од три години, проценува Ивајло Константинов, извршен директор на Националната асоцијација на автобуски превозници во Бугарија, пишува Фокус.

Константинов смета дека тој модел на автобус е најмногу од 2005 – 2008 година, и се сомнева дека македонските компании имаат практика да рециклираат стари автобуси од Турција, при што расипаните делови ги заменуваат со нови, а тоа ја компромитира фабричката изолација, која инаку не гори лесно.