„Игра на тронови“ на таписерија долга 87 метри/видео

155

Таписерија која ја прикажува содржината на серијата „Игра на тронови“, на која се прикажува сагата на митскиот Вестерос е претставена во францускиот град Баје.  Претставувањето на ова дело доаѓа во време која се очекува серијата да оствари нови успеси на доделувањето на Еми наградите во недела.

Илјадници фанови дојдоа да ја видат новата таписерија во градот во Нормандија. Таа е долга 87 метри, што е подолго од фудбалско игралиште и подолга од познатата таписерија од Баје од 11 век, која ја опишува норманската инвазија на Франција во 1066 година. Таа таписерија послужила како инспирација за оваа новата која ги опишува сцените од сите осум сезони на серијата.

Делото е нарачано од туристичката канцеларија на Северна Ирска, каде HBO сними голем број на сцени од серијата. Властите се надеваат дека новата таписерија во Баје, ќе го поттикне туризмот во Северна Ирска. Локациите на кои е снимена „Игра на тронови“ веќе привлекуваат многу туристи, а само во 2018 година ги посетиле 350.000 луѓе.

Тим од 30 доброволци во Северна Ирска ја везеле таписеријата на „Игра на тронови“ речиси четири месеци во 2017 година. Тогаш била долга 66 метри и за првпат е прикажана во музејот во Белфаст, а последните сцени се направени кога е завршено прикажувањето на серијата во мај годинава.