И содржините на Домот на културата од Кавадарци достапни на интернет

46
Домот на културата од Кавадарци преку интернет ги носи своите театарски претстави во домовите на сите љубители на културата и уметноста, во време на коронавирус.
Културните работници повикуваат да се погледнат фотографиите и видео записите на нивната страница и профил на социјалните мрежи, од настаните кои се оддржани во оваа институција (театарски претстави, концерти од сите музички жанрови, ликовни изложби, фото изложби, промоции на книги и слично).
„Ќе се обидеме, овие денови до сите да допрат и досега необјавени видео записи од културни и уметнички настани. Во време на вонредна состојба во државата, Домот на културата ‘Иван Мазов – Климе’ Кавадарци во целост ги почитува и спроведува препораките и мерките на Владата и на локалната самоуправа на општина Кавадарци“, нагласуваат од Културниот дом.
Оттаму додаваат дека иако не се одржуваат настани, просториите на Домот се целосно дезинфицирани според законските прописи.