Најпопуларна екс-југословенска забавно-музичка манифестација со најмногу евергрин-хитови! Најголемиот хит “Ноно добри мој ноно“ – не е име, туку песна за саканиот дедо!!!

Во Сплит, Далмација, по 60-ти јубилеен пат, на отворено на Тргот на Републиката и покрај пандемијата со коронавирусот, а поради пандемијата со малку сменети датуми, ќе се оддржи славниот, (некогашен) Интернационален фестивал на забавни мелодии кусо наречен само “Сплит“ и некогаш најпопуларен и најомилен југословенски музички фестивал кој успеа да изроди голем број хитови омилени и во Македонија, а испеани од голем број пејачки ѕвезди меѓу кои имаше и наши.

Тереза, најомилена пејачка на “Сплитските фестивали“ и пејачка со најмногу победи

Нема тој што не ги знае песните:Скалинада, Опрости ми папе, Сунчане фонтане, Моја Ане броји дане, Куд плови овај брод, Рустикана, Вратија се барба из Америке, Само симпатија, Потсијети ме што то бијеше љубав,  Ди си бија кад је грмило, Далматински леро, Скитница, Њежне струне мандолине, Поета, Љету је моме крај адиос гудбај, Моје сузе, На по’ ми срце живи, Запјевајмо пријатељи, Морнарева пјесма, На кушину, Остали смо загрљени, загрљени, Стине, Нима Сплита до Сплита, Има један свијет,Цврчак цврчи Ане под борове гране,  Малинконија, Лудо море, У камену пјесма пише, Пољуби ме с обје банде,  Обала мојих снова, Коколо, Твоја барка мала, Спавај цвите мој……и, веројатно најголемиот сплитски фестивалски хит Ноно, добри мој ноно, испеан од легендараната Тереза.

Оливер Драгојевиќ со евергрините “Скалинада“, “Надалина“, “Мој галебе“, “Опрости ми папе“…..

По повод 60 години од фестивалот во градот под Марјан, пејачката која важи за неофицијална кралица на оваа манифестација, пејачка со најмногу победи деновиве се присети како дојде до тоа да је пее оваа незаборавна и секогаш свежа песна, која стана и интернационален евергрин, а која е препеана на повеќе од 20 јазици, ја пее и познатата француска пејачка Миреј Матје:

Горан Каран

– Во тоа време во таа далечната 1969 година живеев со мојот тогашен сопруг Миро Унгар во Париз, вели Тереза. Таму со “Ларина песна“ имав веќе значајна кариера, но јас како родена Далматинка секое лето настапував на “Сплитскиот фестивал“, бидејќи тоа е мојата музичка љубов, мојот свет.

“Ноно добри мој ноно“ фестивалски хит рекордно испеан на повеќе од 20 јазици:Тереза и Миро си честитаат!

Неколку месеци пред да се одберат песните за тоа лето, по телефон ми се јавува сопругот Миро целиот воодушевен дека за “Сплитскиот фестивал“ имам една феноменална песна која ја напишал познатиот Никица Калоѓера. Јас онака малку збунета поради неговото воодушевување го прашувам: “А, како се вика песната“? Тој ми вели: “Ноно, добри мој ноно“.

Македонка со белградска адреса на живеење, Маја Оџаклиевска со “Сплитскиот“ далматински хит “Кадену си ми дао“

Велам јас:“Ноно? Каков сега ноно, што ти е тебе? Што имам јас да пеам за ноно,кога мојот ноно ниту го памтам ниту сум го затекнала жив, а и кој е веќе на оној свет. Таква песна јас не пеам, и точка. Никица нека најде некоја стара пејачка да му пее за ноно, јас сум премногу млада за таквата песна.“ Наместо весела, бев бесна, повеќе разочарана што нема да имам песна за тоа лето за “Сплитскиот фестивал“. А, ако немате хит-песна за тој фестивал, вие пропаѓате како пејачка ѕвезда. Такви беа некои естрадни превила во тоа време.

Данијела Мартиновиќ е омилена сплитска пејачка и кај нас во Македонија

И замислете чудата навистина се случуваат. Работите преку ноќ сосема се свртеа. Никица и Миро направија одличен план, притисок врз мене, успееле да ме разубедат, да ме предомислат, да ја прифатам песната. Јас така некако безволно се согласив, а токму со “Ноно“ таа 1969 година ги освоив буквално сите можни награди покрај онаа главната, плочата рекордно се продаде. Песната во италијанска верзија тоа лето ја пееше Клаудио Вила. “Ноно, добри мој ноно“ е хит кој ја одбележа мојата кариера, песна која и денес ја пеам онака заедно со публиката на секој мој концерт.

Нашата Љупка Димитровска, многу честа учесничка на овој најпопуларен екс-југословенски фестивал

А, за оние кои можеби не знаат, ноно не е име, туку во Далмација така го викаме дедо, па да нема забуна, раскажа славната пејачка, која некоја година потоа се разведе од Миро, но со него остана во добри пријателски комуникации, а со кој по повод и песната и фестивалот деновиве наздравија и си честитаа.

Јелена Розга и ако често оспорувана поради песните со фолк-елементи успеа да има хитови на “Сплитскиот фестивал“

Инаку, Фестивалот изроди огромен број хитови омилени и денес во Македонија, а испеани од голем број пејачки ѕвезди (Оливер Драгојевиќ, Мишо Ковач, Мери Цетиниќ, Ѓорѓе Балашевиќ,Петар Грашо,Тереза, Јасна Злокиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Горан Каран, Јелена Розга, Мики Јевремовиќ, Ѓорѓи Перузовиќ, Радојка Шверко, Неда Украден, Киќо Слабинац, Кемал Монтено, Бисера Велетанлиќ, Данијела Мартиновиќ…), а меѓу кои се и нашите: Калиопи, Драган Мијалковски,Зафир Хаџиманов,  групата “Македонија“, Маја Оџаклиевска, Љупка Димитровска, Љиљана Николовска со групата “Магазин“….

Дуле Миќиќ