И денеска нови оставки во британската влада

37
До средата навечер повеќе од 50 министри и помошници поднесоа оставки за само 24 часа, а утрово им се придружи и Хелен Ватли, британската министерка за финансии, која објави дека поднела оставка од владата, јавува Би-би-си.
Во своето писмо со оставка до премиерот Борис Џонсон, Ватли изјави дека „пристојната и одговорна влада се потпира на чесност, интегритет и меѓусебно почитување“.
Таа изјави дека лично „длабоко жали што мора да ја напушти владата, бидејќи повеќе не верува дека овие вредности се поддржуваат“.
Борис Џонсон се бори да остане на премиерската позиција на Велика Британија, иако има се помала поддршка, а голем број министри и функционери во владата поднеле оставки, јави Би-би-си.
Премиерот одбива да се повлече дури и кога се поголем број негови поранешни помошници и поддржувачи, како што се Прити Пател, британскиот министер за внатрешни работи и Грант Шапс, министерот за транспорт, побараа негова оставка во средата.
Министерот за Северна Ирска во британската влада Брендон Луис е последниот во низата функционери кои поднесоа оставка, а потоа следуваат Сајмон Харт, министерот за Велс, како и Џорџ Фримен, министерот за наука.
До средата навечер, повеќе од 50 министри и помошници поднесоа оставки за само 24 часа. Риши Сунак, министерот за финансии и Саџид Џавид, министерот за здравство, поднесоа оставки со разлика од само 10 минути.
Но, Џонсон јасно стави до знаење дека планира да остане на функцијата и веќе назначи нови министри. Надим Захави е нов министер за финансии, додека Стив Баркли е назначен за министер за здравство, јави Би-Би-Си.