Значителен број Австралијци излегле на гласање во костими за капење/ВИДЕО

493

Значителна бројка Австралијци отишле да го дадат својот глас не носејќи на себе ништо друго освен костим за капење.

Овој необичен потег е резултат на понудата на „Budgy Smuggler“, бренд на костими за капење кој дава бесплатен костим за капење на секој кој ќе излезе да гласа облечен во костим за капење.

Сѐ што требаше да направат за да го добијат подарокот е да споделат фотографија од себе си во костим за капење на гласачкото место и да напишат „#SmugglersDecide“.

Од брендот изјавија дека сметале дека само еден, или двајца ќе ја имаат смелоста да го сторат тоа, така што се изненадиле кога виделе дека тоа го направиле стотици Австралијци.