“Златен“ сладолед од куркума и ѓумбир – за силен имунитет и добро здравје

280

Летен десерт без шеќер, којшто не само што освежува во топлите денови туку го јакне имунитетот и одлично влијае на севкупното здравје.

Сите состојки за подготовка на овој сладолед можете да ги најдете во продавниците за здрава храна.

Потребни состојки:

  • 700 г кокосово млеко
  • 4 лажици јаворов сируп
  • 2 лажици куркума во прав
  • 1/2 лажиче ѓумбир во прав
  • 1/2 лажиче цимет во прав
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 ванилин шеќер
  • сол на врв од нож
  • 50 г јаткасто овошје
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во тенџере, освен јаткастото овошје и полека загревајте на тивок оган. Не дозволувајте смесата да зоврие, туку тргнете го тенџерето од рингла и оставете да се олади.

Смесата префрлете ја во длабок сад во којшто ќе можете да ја матите смесата со миксер, но која може да ви ја собере во замрзнувач. На секои половина час прематете ја смесата.

Додека е течна, правете го тоа со маталка, а кога ќе почне да се замрзнува, продолжете со миксер. Секој пат вратете ја во фрижидер. Повторете го ова 5-6 пати, а при крајот ќе морате да го вклучите миксерот на најмала брзина.

Пред служење, извадете го сладоледот накратко за полесно да го обликувате со лажица. Ситно исечкајте јаткасто овошје по избор, лешници, ореви или ф’стаци, и посипете ги врз сладоледот пред самото послужување.

Уживајте во вкусот!