Земјите од Европската унија го усвоија законот за намалување на потрошувачката на гас

42

Земјите од Европската унија денеска официјално го усвоија планот на блокот за вонредни ситуации поврзани со намалувањето на потрошувачката на гас, за заштеда на гориво за зимата поради неизвесноста со руските испораки, и покрај противењето на Полска и Унгарија на конечната верзија на законот, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, членките на ЕУ постигнаа договор за намалување на побарувачката на гас, во обид да ги наполнат складиштата за гас за зимата и да се подготват за можно целосно прекинување на испораките од Русија. Договорот бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, со тоа што тоа може да стане обврска во вонредни околности, иако со бројни исклучоци за одделни земји и индустрии.