Зеленило наместо зграда на патот за Жданец

124

Јавната анкета по предлог Деталниот урбанистички план за Градската четврт Ј03, блок 7, за делот околу Трнодол ќе се продолжи, а повторно ќе има и јавна презентација.

Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на брифингот со новинарите со цел како што рече да го објасни претстојниот процес, измените и да се спречат лажни информации и злоупотреби околу постапката на донесување на овој ДУП.

– Прифатени се сите суштински забелешки на граѓаните. Целосно се заштити делот меѓу патот за Трнодол и патот за Жданец, т.н. „чатал“, кој ќе биде со намена Д2 – заштитно зеленило. Овој дел претходно беше со намена Д1 – парковско зеленило. Тоа значи, дека на ова место ниту била планирана ниту ќе има зграда. Исто така, се обезбедува трајна заштита и на големиот број канали кои се среќаваат тука и тие добиваат намена Д2 – заштитно зеленило. Ќе се добие нов парк, како што беше ветено и во изборната кампања – вели Богоев.