Комплетно книжевно и сетилно задоволство ни го нуди новото дело на Станислав Игнаци Виткјевич.

„Јас не се спуштам во опишување на делови од животот, туку се трудам (можеби безуспешно) да создадам еден вид интелектуален роман, и тоа филозофски. Таков роман би сакал да читам, а таков нема, затоа го пишувам, а не за пари и признание, бидејќи ниту едното ниту другото и така никогаш нема да ги имам“, пишува С. И. Виткјевич во предговорот на својот роман „Збогување со есента”

Во романот се раскажува за созревањето и пропаста на младиот декадент Атанази Базакбал. Неговите постапки и сите експерименти (со дрогата, сексот, психата) доведуваат до самоубиство на неговата жена Зосја, а тој самиот запаѓа во целосна зависност од Хела Бетрс…