Збогувајте се од сувата кожа: Природни маски за студени денови

385

Маските за лице од природни состојки ќе ѝ помогнат на кожата да биде   здрава и да сјае

За време на есента и зимата, нашата кожа е често сува. Студениот воздух и грејната сезона ја завршуваат својата работа, што бара соодветна хидратација. Затоа, за време на студените денови треба да обрнете малку повеќе внимание на кожата на лицето, за да избегнете таквa појава. Маските направени од природни состојки исто така можат да ви помогнат при нега на кожата на лицето. Значи, не треба да купувате некои специјални намирници, но можете да ги користите намирниците што ги имате дома и да направите идеална маска за вас. Со неколку трикови вашата кожа ќе блеска у во текот на студените денови.

Медот е еден од најдобрите природни лекови. Тој е одличен антибиотик и има антисептично дејство, спречува воспаленија и кожни инфекции. Природниот, органски мед ќе направи многу за нашата кожа на лицето кога станува збор за хидратација затоа што е химектант, односно ѝ помага на кожата да задржи вода. Нанесете мед на лицето и оставете го да стои десетина минути, а потоа измијте го со млака вода. Доколку кожата ви е крајно сува и распукана, овој третман можете да го повторувате неколку дена по ред. Резултатите ќе ги видите веднаш, бидејќи кожата ќе биде видливо нахранета, затегната и длабоко хидрирана.

Маска од јогурт и банана. Јогуртот е одличен природен сојузник кога се прашуваме како да го хидрираме лицето. Во комбинација со банана, која е богата со витамини А, Б и Е, железо и калиум, оваа маска ќе биде совршен погодок за хидратација. Маската ќе ја направите така што ќе испасирате половина банана и ќе додадете две или три лажици јогурт, додека не добиете компактна смеса. Нанесете на лицето, оставете да стои околу 20 минути и измијте се.

Киви е богато со витамин Ц, но и витамини А и Е, што ќе придонесат кожата да биде длабоко хидрирана. Исто така, маската со киви ќе го намали лачењето на себум, ќе се ослободи од токсините на вашето лице и сите нечистотии што се акумулираат. Испасирајте едно киви, исцедете го вишокот вода и додадете малку мед, па нанесете ја маската на лицето. Оставете го да дејствува околу 20 минути, а потоа исплакнете.

Маска од морков и млеко. Изрендајте еден морков и додајте лажица млеко. Измешајте ги состојките и нанесете на лицето. Оставете ја на лицето околу петнаесет минути. Морковот е добар за отстранување на мртвите клетки и хидратација, а млекото ќе ја храни вашата кожа. Оваа маска е особено погодна за сува и комбинирана кожа.

Подготви: М.А.