Збирката раскази насловена „Фауст го трча плебејскиот круг” (Faustus Runs the Plebeian Circle) од македонскиот писател Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон. Книгата е достапна во „Киндл” и печатена верзија.

Збирката  по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

Оваа книга на Марковски која содржи 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020-та” на македонски јазик, беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот” и „Еретички писма”, како и поетскиот избор „Ветена земја”.