Засилени контроли во Кавадарци, санкционирани 134 возачи

25
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кавадарци.
Притоа, изречени се вкупно 134 санкции, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 24 за возење без возачка дозвола,15 санкционирани мотоциклисти. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, изјави за МИА Тони Ангеловски, портпарол на МВР.