Засадени 15 зимзелени дрвца во паркот во Хром

261

Во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во паркот во Хром засадени се 15 зимзелени дрвца.

Како што информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, истовремено е отстранет и дефектот за наводнување, со што полевањето сега ќе се врши навремено и постојано.

-Нашата заложба за сочувување на зелени површини, како и за подигање нови е видлива од активностите во делот на животната средина. Акцијата ќе продолжи и во текот на следната недела на повеќе локации – најави Наумоски.