Прославениот хрватски ракометен голман Мирко Алиловиќ покажа дека е успешен и на љубовно поле. Веќе десет години е во брак со Ива, која во минатото ја сметаа за една од најубавите жени во Хрватска, а во меѓувреме станаа горди родители на три сина – Иван, Анте и Мате.

Ива исто како и Мирко по потекло е од Херцеговина, а иако не се експонира многу во медиумите, секој пат кога ќе се појави ги воодушевува сите со својата убавина и раскошните облини. Таа недамна покажа дека има и смисла за хумор и дека е свесна за своите адути, а тоа се виде и по нејзината неодамнешна објава на социјалните мрежи и во словенечките медиуми.

Таа објави интересен текст во словенечките медиуми за женските гради кои се добри за мажите да се справат со стресот.

  • Заради моите гради Мирко никогаш не е под стрес. Имама гради од милион долари, а морам да кажам дека и тој ги има кога е дома со мене, напиша надарената сопруга на голманот.

Алиловиќ во 2018 се пензионираше од репрезентацијата на Хрватска со која има освоено две сребра и две бронзи од Европските првенства и едно сребро и бронза од Мундијалите.

Хрватска на првенството во Шведска, вечерва игра во полуфиналето со Норвешка, а доколку помине во финалето ќе има шанси за прв златен медал на континенталните првенства. Противник во финалето ќе и биде подобриот од дуелот Шпанија – Словенија.