Заради интерес на јавноста продолжена изложбата на уметникот Иван Велков

648

По месец и половина од отворањето на изложбата со наслов „Иван Велков, 90 години од раѓање“ во Чифте амам, не опаѓа интересот за посета на истата од пошироката јавност, истакнаа од Националната галерија.

„Токму заради овој факт, а во насока да обезбедиме прилика за сите оние кои немаа можност да ја посетат, Националната галерија донесе одлука и направи напори поставката да биде изложена до 26 април 2021, со одобрение и согласност на сопствениците кои ни ги позамија делата од нивните колекции“, посочуваат од оваа институција.

На изложбата се претставени 90-тина дела од сите творечки фази на Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, МСУ, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, ЦК „Антон Панов“ – Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици.