Организаторите на првиот грен слем турнир Австралија опен, најавија драконски казни во случај на непочитување на правилата на карантин во Мелбурн. Учесниците на турнирот во Мелбурн ќе стигнат на 15. јануари со посебно организирани чартер летови.

Потоа е потребно две недели да поминат во карантин. На нив ќе им биде дозволено по пет часа дневно да тренираат, додека останатиот дел од времето ќе мора да го поминат во хотел. Секој што ќе го напушти карантинот ќе биде казнет со 19.000 долари. Прекршок на било кој член од тимот ќе биде санкциониран како прекршок на тенисерот. Непочитувањето на правилата може да донесе и автоматска дисквалификација од турнирот.