Започнува реконструкција на улицата  „Димо Хаџи Димов“

203

Следната недела, штом завршат сите правни процедури ќе започне реконструкцијата на улицата „Димо Хаџи Димов“ на потегот од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до улицата „Народни Херои“, во општина Кисела Вода. Воедно, ќе се санира и атмосферската канализација на дел од оваа улица, а, на дел ќе се изгради нова.

Станува збор за реконструкција на улицата во должина од околу 800 метри, како и реконструкција на водоводната мрежа на дел од улицата во должина од  над 300 метри, како и изградба на атмосферска канализација по дел од улицата во должина од над 300 метри.

Вредноста на инвестицијата е над 40 милиони денари.

Како што  информираат од Град Скопје оваа улица во минатото била често поплавувана при временски неприлики, а граѓаните  со години наназад упатувале барања за нејзино нужно обновување.

Оваа реконструкција беше најавена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како дел од летната градежна и инфраструктурна офанзива пред неколку недели.

(А.П.)