Запалени два огна, не е најден сторителот

97

Инспекторатот на Град Скопје изврши ноќно снимање со дрон во Вардариште и забележа два огна со запален секаков вид материјал.

Како што информираат градските власти, на лице место не е најден сторителот, а веднаш била повикана Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Градскиот инспекторат во наредниот период ќе ги интензивира ноќните снимања со дрон, а исто така ќе биде активирана и термална камера.