Заминав од Загреб зaшто не ми ја признаваа дипломата за тренер

444

Црногорскиот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ, ги изненади сите откако реши да си замине од хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб. Одлуката беше донесена во многу кус рок и неочекувано, но Вујо сега ја откри вистинсакта причина за неговто заминување од редовите на хрваскиот шампион

-Искрено ќе ви кажам се за моето заминување од Загреб. Дојде до административни провлеми кои ја попречуваа мојата нормална работа во Загреб. Сојде до проблем со Министерството за работа во Хрватска, поточно тие не ја признаваа мојата диплома за мастерс тренер, која по легален пат ја добив во Словенија, туку имаа некои свои критериуми, кои не беа на моја страна. Така јас се вратив во Шабац и запишав трета година на факултет во Нови Сад и кога тие работи ќе завршат, постои голема можност повторно да се вратам во Загреб. Значи, беа административни проблеми, откри Вујо.

-Црногорецот моментно е без ангажман, но постои можност да седне на клупата на Саудиска Арабија.

-Моментно сум без ангажман, нешто сум во преговори со Саудиска Арабија за селектор, но знаете таму условите за работа не се баш добри. Не сум баш за работа во оваа земја, а полно клубови моментно имаат финансиски проблеми поради коронавирусот. Ќе го искористам овој период малку да се одморам. Најверојано на некого ќе му затреба еден просечен тренер, заврши Вујовиќ.