Законот за обвинителство до крајот на август?!

61

Американската амбасадорка, Кејт Брнс, утрово беше во Собранието на средба со Талат Џафери, тоа беше нивно прво среќавање од нејзиното доаѓање во земјава.

Џафери на брифингот со новинарите рече дека таа се интересирала за работата на законодавниот дом, за процедурите, за комуникацијата со медиумите, а од конкретните работи за кои прашувала било и тоа дали до 15 септември, кога истекува мандатот на СЈО, може да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство.

– Јас реков дека до крајот на август може да се помине процедурално ако го испратат законот денеска или утре. Но, се зависи дали политичките субјекти се усогласени околу законот. На пример, ако денеска го добијам за 29 или 30 јули можам да свикан седница и да помине прво читање. Согласно процедурите, од 26 до 30 август законот може да помине и во второ читање. Но, зависи дали е усогласен законот, ако не се согласни политичките субјекти тогаш може да трае со месеци – вели Џафери.

Со Брнс разговарале и за тоа дека е можно во декември да станеме полноправна членка на НАТО, како и за отворање на преговорите со ЕУ.