Заев и Ахмети на конструктивна работна средба, постојат добри основи за напредок

34

На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото, стои во заедничкото соопштение од СДСМ и од ДУИ, по денешната средба, на која учествуваа претседателите на партиите Зоран Заев и Али Алхмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Разговорите меѓу двете партии, се наведува во соопштението, ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.

Работната средба меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме” и ДУИ, на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Алхмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби, доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат.