Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека и Бугарија го смета за бугарски

254

Гоце Делчев е македоснки револуционер, но исто така е факт дека Бугарија го смета за бугарски, изјави пред малку премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со новиот шеф на делагацијата на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир. На прашањето каков е неговиот став, дали Гоце Делчев е македонски или бугарски револуционер, Заев рече дека тој смета дека е македонски, но факт е дека Бугарија го смета за бугарски.

 -Гоце Делчев е македоснки револуционер, но исто така е факт дека Бугарија го смета за бугарски. Го имаме ние Делчево, град кој го носи неговото име, има и Бугарија Гоце Делчев град. Заедно со премиерот Бојко Борисов се поклонивме во благоевград на споменикот на Гоце Делчев, но и на гробот на Гоце Делчев тука во Скопје. Низ историските личности треба да гледаме можност за зближување. Ако ги избегнуваме историските моменти и ги ставаме под тепих, не е добро за целиот овој регион и затоа имаме Договор за добрососедство за да можеме да ги решиме овие прашања кои ќе не обединат, изјави Заев.