Заев: Бојкот на пописот е лоша одлука

27

Пред нас е најважната статистичка операција, изјави денес премиерот Зоран Заев на Координативна средба за успешно спроведување на претстојниот попис во Собранието. Ја повика опозицијата да се вклучи, а не да го бојкотира пописот.

Бојкотот е најлошата одлука, тој носи конфузија меѓу граѓаните и ништо добро и позитивно. Кому му одговара да имаме иднина врз погрешни податоци? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да сака да инвестира кај нас. Ја повикувам опозицијата да се приклучи на оваа одговорна операција. Пописот не треба да даде само слика за етничката состојба во земјата. Сите да покажеме одговорно однесување“, порача Заев.