Загрижувачки податоци од САД: Повеќе од третина граѓани се обиделе да го спречат вирусот со средства за чистење

137

Повеќе од третина од Американците користеле средства за чистење и средства за дезинфекција на и во нивните тела во обид да ја спречат инфекцијата со коронавирусот, покажала анкета спроведена непосредно откако претседателот Доналд Трамп јавно праша дали овие средства можат да помогнат во борбата со Ковид-19.

Миење на храна со избелувач, употреба на средства за чистење во домаќинството или дезинфекција со средства на кожа, или намерно вдишување или голтање на тие производи, се некои од најчестите пријавени високоризични постапки во онлајн анкетата што ја спровеле од Центарот за контрола на болести и превенција ЦДЦ.

Кон крајот на април, Трамп на еден од своите јавни настапи ги запраша научниците дали користењето на средства за дезинфекција на лицата заразени со Ковид-19, може да помогне во лекувањето на болеста. Производителите на средства за чистење на домаќинствата тогаш беа принудени да ги предупредуваат луѓето да не пијат или да ги инјектираат своите производи, вели Ројтерс.

Околу 39% од испитаниците рекле дека тие свесно примениле барем една практика со висок ризик, која не е препорачана од ЦДЦ, за да ја спречат инфекција со коронавирус, вклучително и употреба на белило за чистење храна или спреј за дезинфекција. Четири проценти од испитаниците барале разредени раствори за белило, сапун или средства за дезинфекција.

Една четвртина од испитаниците се изјасниле дека минатиот месец имале најмалку еден негативен здравствен ефект, за кој веруваат дека е резултат на користење на овие производи.