Поранешниот тренер на швајцарскиот тенисер Роже Федерер, Пол Анакон, проговори за светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ.

Тоја се осврна на претходната недела во која Новак се закити со титулата на мастерсот во Рим по петти пат во својата кариера. Србинот не го играше својот најдобар тенис, но беше доволно добар за да слави во финалето над Аргентинецот Диего Шварцман.

-Ѓоковиќ самиот кажа дека не го играл најдобриот тенис. Мислам дека клучот за неговата врвна игра е тоа што успеава да најде начин да победи иако не игра на највисоко ниво, изјави Пол.

Новак успеа да ја освои титулата само една недела по доживувањето на најболниот момент во кариерата, дисквалификацијата од САД Опен.

-Тој продолжува да воодушевува. Неговата игра е исклучително ефикасна и тој знае да управува со неа. Единствено што ме загрижува е неговата ментална состојба. Да сум на негово место или на местото од неговиот тим би му рекол да одмори неколку дена, да се тргне од се и да ги наполни батериите, истакна Американецот кој моментно соработува со Тејлор Фриц.