Завршува реконструкцијата на улицата „Петричка“

87

Општина Центар завршува со реконструкцијата на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, која е една од најстарите скопски населби.

Како што информираат општинските власти, покрај новиот асфалт во должина од 2.700 метри, е поставена нова фекална и атмосферска канализација, а комлетно е реконстрирана и водоводната мрежа.

-Маџирмаалци добиваат нова улица, која значително ќе го олесни сообраќајот во овој дел на Центар и дополнително ќе ја зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите корисници на алтернативен транспорт-потенцираат од Општина Центар.