Завршува реконструкцијата на два крака на улица „4“ во Ново Село

93

Финишираат градежните работи за изведба на два крака на улица „4“, во Ново Село со бехатон.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, претходно е изведена водоводна мрежа во должина од 400 метри на двата крака, како и фекална канализација на едниот крак од 180 метри.