Европската ракометна федерација – ЕХФ планира завршниот турнир во Лигата на шампионите да го организира со присувство на публика. Челниците на ЕХФ исто така планираат со публика да се одржи и Европското првенство во женска конкуренција, во декември годинава.

Оваа информација ја потврди Дејвид Слезак, шефот на маркетинг секторот на ЕХФ, кој за германски „ Handballwoche “ изјави:

-Како што е моменталната ситуација со пандемијата, веруваме дека Ф4 турнирот во Келн и Европското првенство за жени во Данска и Норвешка, може да се организира со присувство на публика, изјави Слезак.

Женскиот континентален собир треба да се одржи од 3 до 20 декември, а завршницата во Лигата на шампионите на 28/29 на крајот од истиот месец.