Заврши штрајкот на машиновозачите

68

Машиновозачите пре еден час го прекинаа штрајкот што го почнаа вчера во 16 часот, откако постигнаа договор со раководството.

Вториот дел од јунската плата поради кој ја прекинаа работатат им е исплатен, а на 15 овој месец, според договорот, го очекуваат првиот дел од платата за јули.

Ветено им е дека ќе им се зголеми и надоместот за квалитет и ќе им се исплати заедно со јулската плата.

Машинскиот персонал во МЖ најавува дека ако не се исполнат ветувањата повторно нема да влезат во локомотивите.