Заврши изборот на социјалните медиуми „Мажи на годината 2022“:Носител на наградата е отец Оливер Петровски

119

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во избор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на “Мажи на годината“ во Македонија.

Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда.

Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.

Отец Оливер Петровски е познат хуманитарец кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“  кој изминатите години преку својата организација успеа да направи среќни голем број на луѓе на кои им е навистина потребна помош, а не можат да си ја дозволат.