Сакате да експериментирате? Ве привлекуваат поинаквите вкусови? Ова е идеален рецепт за вас.

Состојки за тесто:

  • 1 лименка темно пиво (околу 400 мл)
  • 125 гр путер
  • 3/4 шолја какао
  • 2 шолји кафеав шеќер
  • 3/4 шолји кисела павлака
  • 2 јајца
  • ванила
  • 2 шолји интегрално брашно
  • прашок за пециво

Глазура:

  • 250 гр млечен намаз
  • 1 шолја шеќер во прав
  • 1/3/ шолја слатка павлака

Подготовка:

Пивото со насецканите парчиња путер загрејте ги на оган додека не се стопи путерот. Измешајте во таа смеса какао и шеќер. Изматете ја киселата павлака, јајцата и ванилата и измешајте ја со другата смеса.

Додајте брашно и прашок за пециво и се добро измешајте. Смесата ставете ја во калап за мафини, во кои претходно сте ставиле хартиени корпици. Печете на 180 степени околу 20-тина минути.

За глазура:

Млечниот намаз матете го да стане пенест, потоа додадете шеќер и слатка павлака и се добро изматете со миксер. Откако мафините ќе се испечат, оставете ги 10 минути во калапите, а потоа извадете ги и оставете ги да се оладат. После тоа ставете ја глазурата.

Пријатен вкус!