Тетовскиот ковид центар вклучително и планот за заштита од пожар во тетовската модуларна болница бил во надлежност на в.д. директорот Флорин Бесими, кој си поднесе оставка, и друго одговорно лице од болницата. Планот требало да се реализира на почетокот на работата на монтажниот објект, покажуваат документите на Министерството за труд и социјална политика, што ги објави „Дојче Веле“.

Станува збор за т.н. „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавен во октомври 2020 година, во кој во детали се опфатени фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.

Според нив, во тетовската модуларна болница, планот за одржување на инсталациите за струјата, водата, одводната мрежа и греењето биле под надлежност на директорот на болницата, претставници од општината Тетово, комунален инспектор и одговорно лице во болницата, а истиот требало да се реализира пред пуштање во употреба на болницата.

Во итни случаи и вонредни околности, како пожари, одговорноста е на болницата, болничкиот персонал и Дирекцијата за заштита и спасување, објави Дојче Веле, повикувајќи се на докуменитте во кои меѓудругото било предвидено и сите вработени во ковид-центарот да бидат обучени за реакција во итни ситуации и за точната процедура во такви ситуации.“

Тетовското обвинтиелство помогнато со германски форензичари, се уште ги истражува причините  за настанување на пожарот во мој животот го загубија 14 лица.