Колку далеку може да оди желбата за слава најдобро покажува случајот со неуспешниот руски борец Кирил Терешин (24), кој ја шокираше светската јавност со своите огромни бицепси.

Имено, Терешин ги „наполни“ своите рацете со недозволена супстанца, се пишуваше дека станува збор за „синтол“, но се покажа дека е ефтин „вазелин“. Ова го откри пластичниот хирург Димитри Мељников.

Поради тоа, Терешин мораше да се оперира затоа што му се закануваше ампутација на раката.

-Го отстранив оштетеното ткиво од едната рака. Вазелин имаше под кожата, ткивата и во самите мускули. Ние го извадивме сето тоа, а сега треба да се грижиме за вените, нервите и остатокот за да ги одржиме екстремитетите функционални. Кирил имаше силна температура по операцијата, истакна Мељников.

Лекарите го предупредија на штетноста на ваквите супстанции. Му се заканувала ампутација на раката, па дури и смрт. Но, имал среќа. Штетните материи не се ширеле низ неговото тело.

  • Сè можело да „отиде на неговите бубрези“. Мислам дека Кирил воопшто не е свесен за последиците од тоа што го сторил,  додаде Мељников, кој два часа го оперираше Кирил.

„Раце Базуки“, како што и самиот се нарекува, неодамна го изненади светот и реши да влезе во ММА. Тој изгуби од Василиј Камотски и Олег Монгол, кој е двојно повозрасен од него, а борбата траеше само три минути. Поради голем замор мораше да се откаже од мечот. Не е ни чудо што не можеше да издржи премногу долго, бидејќи неговите раце беа полни со синтол, или во превод, инјекции за зголемување на мускулите. Поради огромните надуени раце, го нарекуваа и руски Попај.

Инаку, неодамна од него се раздели неговата свршеница Олесја Малибу (30), која го убедила да ги направи сите тие пластични операции, но веднаш пронајде друга. Овој пат се запозна со порно-ѕвездата Кенди Кети и влезе во светот на порно-индустријата.