За заминување во Германија ќе биде потребен јазик, а се воведува и старосна граница

133

Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија.

Ова е во согласност со Законот за емиграција, информираат од германско – српската стопанска комора, пишуваат српските медиуми

Отсега ќе биде потешко за заминување, и жителите од регионот, нема да имаат привилегии во однос на другите делови од светот. Сега познавањето на германскиот јазик ќе мора да биде на високо ниво, што претходно не беше случај.

И старосна граница ќе има, иако засега не е прецизирано до која возраст луѓето ќе можат да заминуваат во Германија.