Се разбира, најчесто се случува сетот да помине без никакви несреќи или помали повреди, но некои од снимањата ќе останат запаметени по трагедиите. Иако за многумина е возбудливо да се види како актерите се „убиваат“ и колку е ефикасна вештачката крв што доаѓа од раните, но тотално е шокантно кога ваквата „сцена“ ќе стане реална. Тогаш, остануваат грди и тажни спомени…

 

Последниот бизарен случај при снимањето на филмот “Rust“ (‘Рѓа) во кој познатиот холивудски актер Алек Болдвин со пиштол реквизит смртно ја застрела директорката на фотографија и го рани режисерот, потсети на низа несреќи кои се случиле во минатото на филмски сет. Се разбира, најчесто се случува сетот да помине без никакви несреќи или помали повреди, но некои од снимањата ќе останат запаметени по трагедиите. Иако за многумина е возбудливо да се види како актерите се „убиваат“ и колку е ефикасна вештачката крв што доаѓа од раните, но тотално е шокантно кога ваквата „сцена“ ќе стане реална. Тогаш, остануваат грди и тажни спомени…

Еден од таквите моменти се случил при снимањето на епскиот спектакл „Troy” (Троја) од 2004, во кој актерската екипа ја сочинуваа Бред Пит, Орландо Блум и Дајан Кругер, што резултираше со еден повреден и еден, за жал, починат актер. Оној што имаше повеќе „среќа“ беше Ахил, односно холивудскиот убавец Бред Пит, кој замислете ја повредил, Ахиловата тетива. Сепак, многу помалку среќа од него имаше Џорџ Камилери, успешен бодибилдер кој ја скршил ногата додека снимал акциона сцена. Тој беше опериран следниот ден, но почина од компликации.

Улогата во филмот го чинеше живот и Брендон Ли, уште еден актер, син на популарниот херој на акционите филмови, Брус Ли. За време на снимањето на една сцена од филмот „The Crow“ (Гавранот), Брендон бил погоден од магнум 44, кој бил користен како еден од реквизитите. Во сцената е „пукано“ во Брендон, но наместо боев куршум, во младиот актер влетал вистински куршум кој бил во цевката, а кој никој од експертите и набавувачите на оружје не го забележал?!

Средната и постарата генерација веројатно ќе ја паметат серијата што се прикажуваше на домашните ТВ-станици, а тоа е серијата „На тајна задача“ и на убавиот детектив кој ги привлекуваше воздишките на жените од целиот свет. Сепак, актерот не доживеа 27 години. На снимањето на серијата се случила несреќа, а Џон Ерик Хексум загинал. Бидејќи тој навистина не го „слушаше“ режисерот, тој започнал да се забавува со пиштол за да си го подобри расположението, но и на целиот тим. Играше „руски рулет“ со ќорци, но тоа го чинеше живот. Актерот не знаел дека секој таков куршум испукан од непосредна близина може сериозно да повреди човек. Ударот од полнењето беше доволно силен за да предизвика тешко мозочно крвавење. Тој им подлегна на тешките повреди. Серијата се емитуваше само една сезона.

При расклопување на сценографијата за филмот “Jumper” со Хајден Кристенсен и Семјуел Џексон, снимен во 2008 година, еден работник на сетот загина кога заледените остатоци паднаа врз него.

Филмот „Top Gun“ пак, со популарниот Том Круз стана хит веднаш штом се појави во кината. Но, малкумина знаат дека е посветена на Арт Шол, акробатскиот пилот кој загина на снимањето. Бил ангажиран за сцени со авионот, и изведувајќи тежок маневар се урнал во Пацификот. Никогаш не го пронашле неговото тело или авионот.

За време на снимањето на филмот „Враќањето на мускетарите“ во 1989 година, актерот Рој Кинијар паднал од коњот и ја скршил карлицата, за ден потоа да умре од срцев удар. Филмскиот режисер Ричард Лестер ја прекинал филмската кариера поради оваа трагедија.

Каскадерот и двојник на актерот Вин Дизел загина на снимањето на филмот  „xXx“. Слегувајќи од јажето до подморницата, удрил во мост и загинал. Друга несреќа што го погоди филмскиот свет беше секако смртта на актерот Вик Мороу и двајца млади актери, во 1983 година, на сетот на „Зона на самракот“. Хеликоптерот, кој бил употребен во снимањето, на висина од само осум метри, не можел да ги избегне последиците од експлозијата на пиротехнички средства. Кога ударниот бран го откорнал пропелерот на хеликоптерот, тој неконтролирано се урнал и усмртил тројца актери.

Бизарна несреќа му се случила и на новозеландскиот актер Кевин Смит. Тој решил сам да се прошета низ студиото откако го завршил снимањето сакајќи да прослави за филмот “Warriors of Virtue 2”. Се качил на една од студиските кули, изгубил рамнотежа, паднал и си ја повредил главата. Девет дена бил во кома, а потоа починал.

За време на снимањето на „Летото на Феникс“ во 2004 година, Денис Квејд и екипата немаа некои поголеми тешкотии. Сепак, снимањето на оригиналот од 1965 година остана запаметено по смртта на ценетиот каскадер, колекционер на воени авиони и големиот пилот Пол Манк. Тој ден, додека управувал со авион направен специјално за филмот, Манк, летајќи низ пустината Аризона, го закачил ридот и, не успевајќи да ја врати рамнотежата, се забил во земја. Многумина мислат дека и алкохолот бил еден од виновниците за последниот лет на Пол Манк…