За еден ден 365 смртни случаи од коронавирусот во Франција, вкупно 1.696 жртви

85

Според француските здравствени власти во последните 24 часа се регистрирани нови 365 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на жртвите се искачи на 1.696 од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор за здравство Жером Саломон соопшти дека меѓу жртвите се наоѓа и младо лице на возраст од 16 години во парискиот регион  Во 576 француските болници хоспитализирани се 13.904 лица, од кои 3375 се во сериозна состојба и се на интензицна нега.

Најпогодени од коронавирусот се Гранд-Ест, Горна Франција, Бургоњ-Франш-Компте и Парискиот регион.

Добрата вест е дека 4.984 лица оздравени излегоа од болница. До вечерва во Франција се тестирани позитивни 29.155 случаи, но според властите наскоро ќе се премине на друг начин на тестирање за прилагодено следење на епидемијата.

Единствениот совет кој го даваат властите е да се избегне секое непотребно движење и излегување надвор и почитување на препорачаните мерки.