Жителските кориснички договори ќе се продолжуваат во куќарките на ЈП ПОЦ

195

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ донесе нова интерна процедура за издавање на договори за користење на јавното паркиралиште со наплата и издавање на повластена паркинг карта со цел да им овозможи на жителите побрз начин за вадење на кориснички договори и полесен пристап до услугите на претпријатието.

Новината стартува од утре. Жителите ќе можат 24/7 да склучат/продолжат кориснички договор на 7 локации на територија на Општина Центар: куќарката на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“, куќарката на затвореното паркиралиште „Трготекстил“, куќарката на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“, куќарката на затвореното паркиралиште „Палома Бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“. Седмата локација ќе биде на новото затворено паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец кое ќе се отвори наскоро.

Корисниците и понатаму преку новата веб платформа www.poc.mk ќе можат онлајн да склучуваат и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или е-вирман.

Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02-3212-488 секој работен ден од 8 до 16 часот.