Наездата од комарци е најголемиот проблем во текот на летниот период, а единственото нешто што треба да направите е да го третирате местото на каснување, но и да не ја иритирате кожата со гребење.

Иако сите неизмерно го сакаме летото, факт е дека убавото и топло време носи со себе неколку помалку пријатни работи. Меѓу нив и комарците. Страшно здодевни и понекогаш опасни.

Различни истражувања покажаа дека овие мали инсекти не треба да се потценуваат, бидејќи тие навистина избираат кој ќе биде нивен „плен“.

Српскиот биологот Иван Алексиќ за ТВ Прва вели дека се направени многу експерименти и разни народни приказни дека комарците напаѓаат некого повеќе, некого помалку поради слатката крв. Биологот објаснува дека во прашање е потта што ја лачи човечкото тело, како и нултата крвна група, која е напривлечна.

Покрај тоа, тој предупредува дека бремените жени се посебна „сласт“ за комарците, бидејќи нивната телесна температура е повисока, а некои студии покажале дека еден вид египетски комарци дури ги привлекува женскиот глас, но и луѓето кои пијат пиво .

Сè на сè, некои правила постојат, но досега ниту една студија не објаснила зошто комарците „заобиколуваат“ некого.