Жени во топлес протестирале против Макрон во Париз

60

Три жени во топлес денеска протестирале пред Елисејската палата во Париз против претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Тие имале заедничка порака „RIP The Promises“ (Ветувањата нека почиваат во мир), што се однесува на средбата која деновиве ја одржа Макрон со претставници на новата, реконструирана влада.

Една од демонстрантките имала напишано на своето тело „Злосторнички совет“, а некои од нив имале на себе ознаки на феминистичката група Фемен.

Полицијата ги уапсила и отстранила од местото на настанот.

Извор:МИА