Жена во Австралија починала по вакцинација со АстраЗенека

127

Австралиските власти информирале денеска за прв смртен случај во земјата по вакцинација со АстраЗенека.

Регулаторната агенција соопштила дека 48-годишна жена по вакцинацијата добила згрутчување на крвта и починала и дека веројатно постои врска помеѓу нејзината смрт и вакцинацијата.

Ова е трет случај на создавање на згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека во Австралија, со тоа што другите две лица се добри и закрепнуваат, пишува Reuters.

Жената од Нов Јужен Велс се вакцинирала со вакцина на АстраЗенека на 8 април, на денот кога Владата објавила дека би било добро лицата помлади од 50 години да се вакцинираат со вакцината на Фајзер.

Четириесет и осумгодишната жена имала дијабетес.

Австралиската Агенција за испитување на безбедноста на вакцините навела дека во овој момент, поради недостиг на други можни причини за создавање на згрутчување на крвта, би требало да се претпостави причинската врска со вакцинацијата.