На 80 години од животот почина славниот Вангелис, грчкиот композитор и продуцент. Роден е во убавата Атина во 1943 година на 29 март. Неговиот живот беше не само финансиски, туку и духовно многу богат исполнет со квалитетна музика, со песните кои станаа големи хитови. Грчките медиуми објавуваат дека Вангелис починал од компликациите на корона вирус во Париз, Франција. Веста за неговата смрт ја објави со голема жалост и со сочуство до неговото семејство, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Вангелис, ќе го памтиме и по многу филмски музички хитови за најпознатите филмови: „Истребувач“ (“Blade Runner”) и уште познатиот „Огнени кочии“(“Chariots of Fire“)за која доби “Оскар“. Кај нас токму од овој филм “Огнени кочии“ песната во својата обработка насловена како “Излази сунце“ маестрално ја испеа и сними на носачот на звукот, славната Тереза Кесовија. Славната Тереза неодамна на една ТВ раскажа за своето пријателство со Вангелис со кој другарувала во она време кога живееше во Париз.

Вангелис имаше и успешни соработки со Монсерат Кабаље, Мелина Меркури, Клаудио Баљони, Ричард Ентони и актерот Шон Конери. Во 1968 година, Вангелис во Париз заедно со популарниот Демис Русос и Лукас Сидерас го формираат бендот „Детето на Афродита“, објавувајќи ги хитовите „Дожд и солзи“ (1968), „Детето на Афродита“ (1969 година), „Пет е часот“ (1969 година)….Воедно компонирал музика за големи светски настани, вклучувајќи ги Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја и Олимписките игри во Атина во 2004 година. (Д.М.) foto:YT/FB