Етиопската атлетичарка Летесенбет Гидеј (23) во Валенсија постави светски рекор во дисциплината полумаратон, во женска конкуренција. Ова нејзино достигнување навистина е импресивно, бидејќи таа првпат во кариерата трчаше полумаратон. Гидеј за цели 70 секунди го собори светскиот рекорд на трката долга 21. километар.

Една од најдобрите атлетичарки на долги патеки досега се натпреваруваше само на трките на пет и десет километри, но одлучи да се проба и во полумаратон како една од дисциплините во кои може добро да се снајде.

Таа во 2019 година о трката на 15 километри покажа дека може да се натпреварува и на нешто подолго, но дури сега се реши да проба да трча полумаратон. Со импресивен резултат во Валенсија, оведини три неверојатни резултати. Гидеј е моментно сопственичка на светсскиот текорд на пет километри, десет километри и полумаратон.

-Среќна сум што го соборив светскиот рекорд во полумаратон, во совјот прв обид. Балгодарност до сите кои ме поддржаа и мехрабрија да ја трчам оваа дисциплина. Неа да застанам тука, повторно ќе трчам полумратон и ќе се обидам да го подобрам и овој рекорд, изјави Етиопјанакта.