Естонија ја добива првата премиерка по договорот меѓу двете најголеми партии

87

Двете најголеми политички партии во Естонија денеска постигнаа договор за нова Влада предводена од Каја Калас, првата премиерка во историјата на оваа балтичка земја.

Претходната влада падна минатата недела поради корупциски скандал.

Лидерите на опозициската Реформска партија на Каја Калас (43) и Партијата на центарот на досегашниот премиер Јури Ратас, денеска гласаа за формирање коалициска влада.

Според договорот, двете партии ќе имаат по седум министерства во владата со 15 члена, вклучувајќи ја и премиерката Калас.