Ерменија: Војската на Нагорно Карабах собори пет авиони на Азербејџан

407

Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Акрун Ованисјан изјави денеска дека армијата на Нагорно Карабах соборила уште пет авиони и три хеликоптери на азербејџанското воздухопловство.

Тој напиша на Фејсбук дека „пет непријателски авиони и три хеликоптери биле соборени со прецизни удари на армијата на Нагорно Карабах“.

Претходно, Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека се соборени два авиона на азербејџанското воено воздухопловство, пренесува РИА Новости.