„Ер Србија“ ги обнови летовите до Њујорк

38

Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ ги обнови комерцијалните патнички летови за Њујорк.

Авионот на „Ер Србија“ од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вчера попладне полета до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“.

Српската авиокомпанија претходно објави дека ќе го зголеми бројот на прекуокеански летови на двапати неделно, од 13 јуни.