Американскиот боксер со мексиканско потекло Енди Руиз, е лик за кој многу се зборува, но не поради неговиот настап како боксер или поради евентуалната борба против Тајсон Фјури, туку поради тоа што бил неверен на сопругата и на тој начин влезе во голем скандал.

Медиумите открија дека познатиот боксер бил во вонбрачна врска со јавна личност, се откриле интернет корисниците откако Американецот на своите профили се пофалил со неодамнешното патување во Сан Мигел де Аљенде.

Фотографии од истата локација сподели и Мајели Алонсо, која е поранешна партнерка на познатата мексиканска пејачка Лупила Ривера, што веднаш покрена шпекулации дека таа и Руиз се заедно, нешто што на крајот беше потврдено.

И покрај сите шпекулации, Руиз се уште не се изјаснил, но  тоа го направија жените вклучени во полемиката, откако сопругата на боксерот, Џули Мур, направи видео кое привлече големо внимание.

На нејзините профили е објавено видеото на кое таа се извинува за сликите кои го откриваат нејзиниот сопруг дека ја изневерува, но ја искористила приликата да испрати и порака: „Семејството толку лесно се фрла“.

Во врска со тоа се огласи и Мајели Алонсо, кој призна дека патувала со Енди Руиз, иако во својот коментар беше многу јасна дека боксерот во секое време ја уверувал дека е без партнерка.

Последен пат Руиз беше во рингот во септември 2022 година, кога со едногласна одлука на судиите во Лос Анџелес го победи Кубанецот Луис Ортиз. Пред неколку дена објави и фотографија на која го повикува Фјури на пресметка по неуспешната борба на Британецот со Александар Усик.

Руиз беше во врска, а потоа долги години во брак со Џули, а овој пар има заедно пет деца, три сина и две ќерки. Досега се обидуваа да го држат својот живот подалеку од јавноста, но последниот скандал се промени.