Трикратниот грен слем шампион Британецот Енди Мареј, е еден од четворицата тенисери кои доби вајлд – карта за настап на мастерс тенискиот турнир Синсинати.

Овој турнир годинава ќе се одржи на терените „Флешиг Медоус“ непосредно пред Отвореното тениско првенство на САД .

Покрај Мареј, специјална покана добија и американските тенисери Том Пол, Тенис Сандгрен и Френсис Тијафо.  Синсинати ќе се одржи од 20 до 28. август и ќе биде подготовка за тенисерите за САД Опен, кој пак стартува на 31. август.

Мастерсот во Синсинати ќе биде првиот турнир од АТП серијата по повеќе од пет месеци пауза заради коронавирусот. Професионалниот тенис, кој е суспендиран од мар, овој понеделни официјално се врати со турнирот во Палермо (Италија)