ЕМА ќе објави резултати од дополнителното истражување на вакцината на АстраЗенека

293

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги објави резултатите од дополнителните истражувања на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.

Голем број земји ја прекинаа употребата по смртните случаи и појавата на тромбоза и други проблеми со коагулација на крвта кај лицата што примиле вакцина на АстраЗенека.

Извршната директорка на ЕМА, Емер Кук претходно изјави нуспојавите се многу ретки меѓу милионите вакцинирани лица. Таа истакна дека  придобивките од АстраЗенека го надминуваат ризикот од несакани ефекти.

Доверба во вакцината на АстраЗенека изрази и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.